РАДЕВ ПОРАЧУВА: САКАТЕ ВО ЕУ – Само со уставно признавање на Бугарите

Софија јасно го поврзува европскиот пат на Скопје со уставното признавање на бугарската заедница.

РАДЕВ ПОРАЧУВА: САКАТЕ ВО ЕУ – Само со уставно признавање на Бугарите
Фото: Принтскрин

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, на средба со претставници на организациите на бугарската заедница од Битола, Охрид, Скопје, Прилеп, Кавадарци и Кочани, изјавил дека вклучувањето на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија значително би го забрзало европскиот пат на земјата. Тој изразил надеж дека ова ќе се случи што е можно поскоро, со што би се отвориле вратите за започнување на преговори за полноправно членство во ЕУ, соопшти неговата прес-служба.

Радев нагласил дека „должност на секоја демократска држава е ефикасно да ги заштити правата на сите свои граѓани и да го гарантира нивното право на самоопределување“.

Тој додал дека сите очекуваат брза интеграција на Македонија во Европската Унија, но дека тоа не смее да биде на сметка на правата на бугарската заедница во земјата.

Во таа насока, бугарскиот претседател изразил очекување дека македонските власти ќе го спроведат европскиот компромис постигнат во 2022 година и ќе обезбедат уставно вклучување на Бугарите во најкраток можен рок.

CATEGORIES
TAGS
Share This