СЕЕ И ОФИЦИЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА – Европски филмови во фокусот на CINEDAYS

Македонско-косовската копродукција го истражува чувствителниот период на деведесеттите со автентична приказна и силни актерски интерпретации

СЕЕ И ОФИЦИЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА – Европски филмови во фокусот на CINEDAYS
Фото: Принтскрин

Со вечерашниот репертоар официјално започнува натпреварувачката програма на 24. CINEDAYS. Во рамките на двете селекции – Официјална конкуренција и СЕЕ се натпреваруваат европски филмови и копродукции кои ја покажуваат флуидноста и непосредноста на можните соработки меѓу филмските професионалци.

Првата македонска копродукција што ќе се прикажува на фестивалот оваа година е филмот „ЕРА“, во режија на Парта Келменди, кој е селектиран во СЕЕ програмата.

Марија Димитрова, македонски копродуцент на филмот, изјави:

„За мене, копродукцијата на филмот ЕРА беше големо задоволство, но и значаен предизвик. Филмот навлегува во чувствителен историски период кој бара искрено, прецизно и автентично раскажување. Рекреирањето на деведесеттите во денешна Приштина беше комплексна задача, но под водство на режисерката Парта Келменди и со посветената работа на македонскиот тим – сценографот Кирил Спасовски, директорот на фотографија Наум Доксевски, монтажерот Михаил Димитров и целата креативна и техничка екипа од Македонија и Косово успеавме да создадеме филм на кој искрено се гордееме“.

Извонредните актерски интерпретации на Зана Бериша, Армен Смаили, Албан Укај, Мајлинда Косумовиќ и многу други ја носат тежината и значењето на приказната со длабока свесност за нејзината културна важност. Соработката меѓу Косово и Северна Македонија во филмската уметност секогаш доаѓа природно и лесно, благодарение на блиското разбирање на нашите култури.

„Верувам дека ЕРА е уште еден силен пример за тоа колку успешни и вредни дела произлегуваат од ова партнерство.“

Во клуб МКЦ, од 20:30 часот, ќе се одржи Синедејс музичкиот блок, каде публиката бесплатно ќе може да ги проследи концертите на групите Stoinost (Бугарија), Elizabeta Bam (Хрватска), Ubili su batlera (Србија) и Sunblinds (Бугарија). Музичката програма е финансирана од програмата Лајвјуроп.

Вечерашен репертоар на 24. CINEDAYS:

Кратки филмови:

  • 17:00 – Флака Коколи – „19 часот 25 Мај“

  • 19:00 – Невена Десивојевиќ – „Пријатни летни денови“

  • 20:00 – Васил Христов – „АМРА“ (Кино Фросина)

  • 20:00 – Александра Кардалевска – „Состојба на умот“ (Кино Фросина)

Официјална конкуренција:

  • 19:30 – Ури Маранц – „Кралот Кат“ (25 Мај)

  • 21:00 – Адам Мартинец – „Нашата прекрасна кланица за свињи“ (Кинотека)

СЕЕ програма:

  • 19:00 – Димитрис Накос – „Месо“ (Кинотека)

  • 20:20 – Парта Келменди – „ЕРА“ (Кино Фросина)

Гала:

  • 22:00 – Браќата Дарден – „Млади мајки“ (Кино Фросина)

CATEGORIES
Share This