ТАТКОТО НА ЗАГИНАТАТА ВО ПУЛС Обвинетите добиваат медумски простор како да се оштетени

Како да не знаат за што се обвинети и како првпат да слушаат дека дискотеката „Пулс“ постоела

ТАТКОТО НА ЗАГИНАТАТА ВО ПУЛС Обвинетите добиваат медумски простор како да се оштетени
Фото: Национал

Таткото на загинатата Надица Наунова, Александар Наунов, по денешното рочиште за трагедијата во Кочани, изрази загриженост поради фактот што обвинетите и понатаму добиваат медиумски простор за изјави и јавни настапи, иако се соочуваат со сериозни обвиненија поврзани со настанот во кој беа „уништени 63 животи и засегнати 200 семејства“.

„Обвинетите се однесуваат како да се тие оштетени. Како да не знаат за што се обвинети и како да слушаат првпат дека дискотеката „Пулс“ постоела – изјави Наунов.

Тој додаде дека, иако правото на одбрана е неприкосновено во секоја правна држава, исто така е важно јавниот дискурс да биде чувствителен кон жртвите.

CATEGORIES
TAGS
Share This