ТРАНКИЕРИ НЕ Е НАСЛЕДНИКОТ НА ОБРАДОВИЌ Партизан останува без нов тренер

Италијанскиот стратег Андреа Транкиери не постигна договор со клубот.

ТРАНКИЕРИ НЕ Е НАСЛЕДНИКОТ НА ОБРАДОВИЌ Партизан останува без нов тренер
Фото: Принтскрин

Италијанскиот тренер Андреа Транкиери нема да го наследи Жељко Обрадовиќ на клупата на белградски Партизан. Иако дел од медиумите шпекулираа дека Транкиери и претседателот на клубот, Остоја Мијаиловиќ, ќе постигнат договор, тоа не се случи.

Отсуството на нов тренер ја зголемува тензијата во „црно-белите“ редови, особено затоа што и другите потенцијални кандидати се воздржуваат од преземање на „жешкото столче“.

Сепак, клубот нема да остане без водач: утре, на дуелот од Евролигата против Баерн Минхен, Партизан ќе го предводи Мирко Оцокољиќ, кој ќе ја извршува функцијата вршител на должност.

Веднаш по заминувањето на Жељко Обрадовиќ во српските медиуми излегоа информации декам италијанскиот кошаркарски стратег Андреа Тринкиери ќе седне на клупата на Партизан. Според телевизијата „Спорт клуб“, Тринкиери дури и се договорил со раководството на Партизан околу враќање на тренерското место каде претходно беше тренер од 2018 до 2020 година, по што замина во Баерн Минхен, а негов последен клуб беше Жалгирис. Тринкиери е без тренерски ангажман откако летоска доби отказ во Жалгирис, само 36 часови по освојувањето на титулата во литванското првенство.

Значи, ништо од највите дека искусниот 57-годишен италијански стратег е новиот тренер на Партизан, кој е без тренер откако најтрофејниот европски тренер Жељко Обрадовиќ ја напушти клупата и покрај одлуката на клупското раководство да не ја прифати неговата оставка, како и големиот притисок од навивачите да продолжи да го предводи клубот.

CATEGORIES
Share This