РЕКОРДЕР СО 231 КМ/Ч „Сејф сити“ откри шокантни бројки за само три дена

РЕКОРДЕР СО 231 КМ/Ч „Сејф сити“ откри шокантни бројки за само три дена

Системот за паметен надзор „Сејф сити“ за само неколку дена работа регистрираше неверојатен број сообраќајни прекршоци, а меѓу нив и рекордно брзо возење – дури 231 километар на час на скопската обиколница. Ова го потврдија началничката на Секторот за сообраќајни работи во МВР, Маја Арсовска Манов, и државниот советник Владимир Велковски во гостување на ТВ Телма.

Соговорниците посочија дека бројките кои ги покажува системот ја докажуваат неопходноста од негово воведување, особено со оглед на состојбата со безбедноста на патиштата.

Во првиот тест период, на 1 декември, „Безбеден град“ за само 24 часа регистрирал вкупно 110.000 прекршоци. Веќе следниот ден, 2 декември, бројката изнесувала 50.652 прекршоци — преполовување на бројот, што укажува дека системот моментално делува дестимулативно на прекршителите.

Од вкупниот број прекршоци на 2 декември, најголем дел — 48.861 — се однесуваат на пречекорена брзина. Регистрирани се и 1.366 поминувања на црвено светло и 425 нерегистрирани возила.

Локациите со најмногу прекршоци и натаму се исти: излезот од Скопје кон Тетово со 4.300 регистрирани прекршоци за брзо возење и булевар „Никола Карев“ со околу 3.000 прекршоци.

CATEGORIES
Share This