„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ РЕГИСТРИРАШЕ НАД 50.000 СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ Најмногу за пребрзо возење

Системот „Безбеден град“ вчера регистрираше 50.652 сообраќајни прекршоци, што е половина од бројката на 1 декември (110.000).
Од вчерашните прекршоци, 48.861 се за пречекорување на брзината, 1.366 за минување на црвено, а 425 за нерегистрирани возила. Во првите 12 часа беа забележани 22.600 прекршоци, 95% за пребрзо возење.
Најмногу прекршоци се регистрирани на излезот од Скопје кон Тетово (4.300) и на булеварот Никола Карев – Пластичарска (3.000). На раскрсницата Цветан Димов – Џон Кенеди беа 45 прекршоци за минување на црвено. Казните биле изречени за брзини од 51 до 209 км/ч.
CATEGORIES Македонија


