ИСПЛАТАТА НА ПЕНЗИИТЕ ТЕЧЕ РЕДОВНО – Нема промени засега

Секојдневни решенија остануваат на сила додека Судот не донесе конечна одлука.

ИСПЛАТАТА НА ПЕНЗИИТЕ ТЕЧЕ РЕДОВНО – Нема промени засега
Фото: Принтскрин

Министерството за социјална политика, демографија и млади известува дека исплатата на пензиите се врши редовно и без промени. Сите пензии се исплаќаат согласно важечките закони.

Во врска со постапката во Уставниот суд, Министерството појаснува дека отворањето на постапката не значи укинување или измени на актуелните мерки. Сите законски решенија остануваат на сила додека Судот не донесе конечна одлука.

Министерството апелира до пензионерите да не подлегнуваат на дезинформации и шпекулации. Секоја евентуална промена во законската рамка ќе биде навремено и транспарентно објавена.

CATEGORIES
Share This