ПЧЕНИЦАТА ИСПАРИЛА Приведени екс-заменик министер и директори за штета од 780.000 евра
Приведени пет лица за малверзации со државни стокови резерви и сомнежи за отпишување на милионски количини пченица и јачмен

Од раното утро се спроведува голема полициска акција на повеќе локации во Скопје, Тетово и Куманово, во координација со Основното јавно обвинителство – Скопје.
Национал дознава дека се приведени пет лица: поранешниот заменик-министер за земјоделство Трајан Димковски, Н.Р. (раководител во Агенција за стоковни резерви), Р.А. (директор на Агенција за стоковни резерви), Т.К. (раководител во Агенција за стоковни резерви) и М.П како вешто лице при биро за процена од oбласта на земјоделството.
Се сомничат дека тие биле инволвирани во сериозни малверзации со државните стокови резерви и со неизвршување на службените обврски овозможиле да се отпишат 1.500.000 килограми меркантилна пченица и 500.000 килограми јачмен, со што на државниот буџет му била нанесена штета од околу 780.000 евра.

