ПРВА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ЗА ВЕЛОСИПЕДИЗАМ ВО МАКЕДОНИЈА – Travelers Cycling Macedonia

Апликацијата им овозможува на велосипедистите полесно движење низ урбаните средини, следење на временска прогноза, патеки, паркинзи и интересни точки во еден дигитален алат

ПРВА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ЗА ВЕЛОСИПЕДИЗАМ ВО МАКЕДОНИЈА – Travelers Cycling Macedonia
Фото: Travelers Cycling Macedonia

До редакцијата на Национал пристигна објава од Travelers Cycling во која се вели:

-„Би сакале да ве информираме дека пред неколку дена во употреба е пуштена првата мобилна апликација за велосипедизам во Македонија- Travelers Cycling Macedonia. Апликацијата има за цел да го поттикне користењето на велосипедот како здраво превозно средство, како и да им помогне на велосипедистите полесно да се движат низ урбаните средини и да дојдат до потребните информации.

Во оваа почетна фаза, апликацијата е достапна за Android корисници, а во текот на следната година планирано е проширување и за други уреди и платформи.

https://play.google.com/store/apps/details?id=com.travelerscycling.mauitest

Travelers Cycling е неформална, непрофитна група посветена на поддршка на велосипедистите и развој на велосипедската култура. На платформата може да се најдат бројни корисни информации: велосипедски патеки, паркинг-локации, сервиси, пумпи, интересни совети, новости, календар со настани, временска прогноза и многу повеќе.

Повеќе информации за на: https://cycling.travelers.mk/za-nas/

Во годината кога Travelers Cycling прославува својот 5-годишен јубилеј, а Travelers.mk полни 10 години постоење, со големо задоволство известуваме дека нашата мобилна апликација Travelers Cycling Macedonia е веќе достапна за сите корисници на Google Play Store, а верзиите за останатите оперативни системи се веќе во изработка и ќе бидат објавени наскоро.

Апликацијата е создадена со цел да го олесни користењето на велосипедот во урбана средина, да овозможи побезбедно движење, како и да го поттикне изборот на велосипедот како поздрав, еколошки и поиздржлив начин на транспорт.

Како новитет, додадена е функционалност за следење на временска прогноза интегрирана директно во апликацијата, со што можете подобро да планирате опрема, рута и време на тргнување. Оваа новина е од особено значење за секојдневните велосипедисти кои сакаат да избегнат дожд, силно сонце или непредвидливи временски промени.

Како и до сега, преку апликацијата можете: да испланирате рута по означени велосипедски патеки, да најдете велосипедски паркинзи, чешми/фонтани и корисни точки во градот, да следите информации за препреки на патеките, да откривате off-road патеки, да добивате новости, совети и настани од вело заедницата и да проверувате делови со сенка користејќи го движењето на сонцето низ денот.

Сите овие можности остануваат активни, со континуирани подобрувања според реалните потреби на велосипедистите. Продолжуваме да ја подигнуваме велосипедската култура во Македонија и да ве охрабруваме да ги оставите автомобилите дома. Со тоа заеднички придонесуваме кон: амалување на загадувањето, помал метеж и повеќе зелен, урбан и здрав начин на живот.

Продолжете да возите, да истражувате и да дишете почист воздух. Вози Велосипед Секој Ден!“ – потенцираат од Travelers Cycling.

CATEGORIES
TAGS
Share This