ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ – Делницата Удово – Валандово во застој поради сообраќајна незгода

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ – Делницата Удово – Валандово во застој поради сообраќајна незгода
Фото: Принтскрин

Од 16:50 часот попладнево е во прекин сообраќајот на регионалниот пат Р1105 Удово – Валандово поради сообраќајна незгода, информира АМСМ.

На останатите патни правци сообраќајот се одвива непречено по претежно суви коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

Возачите се повикуваат да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на делниците низ котлини, речни долини и клисури, каде постои опасност од одрони. Ризични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани = Делчево.

АМСМ потсетува дека од денеска стапува на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без разлика на временските услови. Оваа обврска важи до 15 март 2026 година.

CATEGORIES
Share This