ПОЛИТИЧКА БОМБА – Во Европа се формира сојуз против Украина и масовната миграција

Сојузот го креираат европски лидери кои се против политиката на ЕУ за Украина и миграција.

ПОЛИТИЧКА БОМБА – Во Европа се формира сојуз против Украина и масовната миграција
Фото: Принтскрин

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави по средбата со бугарскиот претседател Румен Радев во Софија дека во Европа се формира нов сојуз на политичари кои не се согласуваат со ставот на лидерите на ЕУ за миграцијата и конфликтот во Украина.

„Се создава сојуз на европски политичари кои се против војната и масовната миграција, при што Бугарија зазема клучна улога во овој сојуз“, рече Сијарто.

Тој додаде дека средбата им овозможила на Унгарија и Бугарија да ги зајакнат своите заеднички позиции по овие прашања.

Министерот нагласи дека единствениот пат за решавање на украинската криза е преку дипломатски средства и преговори.

„Решението може да се најде само на преговарачка маса. Унгарија е сè уште подготвена да организира мировен самит и ќе продолжиме да ги поддржуваме напорите на Доналд Трамп“, додаде Сијарто.

CATEGORIES
TAGS
Share This