ХОРОРОТ СО НЕПОТРЕБНО СТЕНТИРАЊЕ ЗА ПРОФИТ Е МЕДИЦИНСКО ЗЛОСТОРСТВО Мора да има и кривична завршница
Партијата бара име по име да се откријат сите вмешани во „медицинскиот масакр“ врз пациенти.

Единствена Македонија изразува длабока шокираност од денешната прес-конференција во Министерството за здравство, на која беше откриено дека кај дел пациенти биле извршувани непотребни стентирања и операции со единствена цел – профит.
Партијата го поздравува обелоденувањето на овој сериозен скандал, инициран од кардиологот Сашко Кедев, при што јавноста, според нив, сè уште не е свесна какви последици може да произлезат по целосното разгледување на сите пријави и на големиот број случаи за кои постои интерес за дополнително испитување.
„За Единствена Македонија нема дилема – овој скандал мора да биде целосно расчистен. Не е доволно само да се презентираат статистичките податоци за злоупотребени пациенти, туку неопходно е да се соопштат и имињата на инволвираните лица, а случајот да биде процесуиран пред надлежните институции за да добие соодветен кривично-правен епилог. Станува збор за медицинско злосторство врз пациенти, кое е недозволиво и казниво“, порачуваат од партијата.


