КИНА ЗАПОЧНА СО МАСОНО ПРОИЗВОДСТВО НА ЛЕТЕЧКИ ТАКСИ ВОЗИЛА Ќе произведува 10.000 летечки машини годишно
Во производство влегува модуларниот систем LAC, составен од електрично копнено комбе со 6 тркала и хексакоптер дрон за две лица кој полетува вертикално.

Кина официјално започна масовно производство на летачки такси возила. Компанијата Xpeng Aridge ја отвори првата светска фабрика за сериско производство на летачки автомобили во Гуангжу, со капацитет до 10.000 летачки машини годишно.
Во производство влегува модуларниот систем LAC, составен од електрично копнено комбе со 6 тркала и хексакоптер дрон за две лица кој полетува вертикално. Дронот се носи во комбето и се активира со едно копче преку апликација.
Цената на сетот е околу 275.000 долари, а има околу 7.000 преднарачки. Овој потег значи почеток на нова ера – летачките такси веќе не се концепт, туку реалност што може да го промени урбаниот транспорт.
CATEGORIES Магазин


