СО ОВИЕ ЗБОРОВИ ТИТО ЈА ЗАПРОСИЛ ЈОВАНКА Она останала затечена

Се ближи 15 април, денот кога Тито и Јованка би прославиле 73 години брак. Иако беа разделени повеќе од три децении, а доживотниот претседател на поранешната држава беше познат како неуморен заводник кој ги сакаше жените, и своите и туѓите, и покрај тоа што многумина ги сметаа за „хармонија на дисхармонијата“, заедно формираа моќен дует кој не излегува од мода и денес. И вака започнала нивната приказна…
“Дали треба да кажам колку бев изненадена и збунета? Па, јас бев девојка од средина со патријархално воспитување. Како прво, разликата во години ја отфрли дури и помислата за таква врска. Покрај тоа, јас бев, нема да биде нескромно да кажам, симпатична и имав неколку додворувачи…”
Вака Јованка Броз ги опиша своите чувства на маршаловиот личен доктор Александар Матуновиќ после запросувањето од Тито.
Ја освои со ненадејно прашање.
„Но, не, не… Не се помирив брзо со тоа и лесно не се откажав. Помина некое време… И по некое време почна нашата врска“, продолжува Матуновиќ во својата книга „Јованка Броз Титовата совладетелка“.
Јованка Будисављевиќ го запозна Јосип Броз Тито во Дрвар, откако ја замени со Зденка Даворјанка Пауновиќ на местото секретарка во неговиот кабинет. Постојат различни теории за тоа како се заљубиле и во кој момент службениот однос се претворил во нешто повеќе. Една од најголемите мистерии во Југославија.
„Мојот живот беше тежок, исполнет со стрес, лични загуби, секакви несреќи и чувствувам дека со тебе конечно ќе имам мир и среќа…“
Со овие зборови Тито ја запросил Јованка, младата партизанка која се истакнала во војната и се здобила со чин мајор. Иако биле во врска пет години, таа беше изненадена кога тој ги објавил своите намери.
Тие се венчале тајно на 15 април 1952 година. Церемонијата се одржала недалеку од Илок, во Титовата вила покрај Дунав, во најтесниот круг на луѓе. Нивен кум бил Александар Ранковиќ, шефот на Државната безбедност. Јованка имала 28, а Тито 60 години и зад себе бурен љубовен живот.
На почетокот тој беше загрижен за нејзиниот недостиг на образование. Но, тоа било брзо надокнадено. Веднаш по венчавката и обезбедил лекции од кои научила се што и треба за протоколарните средби и соодветно облекување, како и часови по странски јазици. Така, Јованка од неука жена од обичниот народ речиси преку ноќ се претворила во елегантна и образована дама. И тоа, ни помалку, ни повеќе, ПРВА ДАМА.


