ДОДИК ВЕЧЕРВА СО ИТНА РЕАКЦИЈА НА ПЛАТФОРМАТА Х На Ратко Младиќ му е загрозен животот
Загрозен му е животот на генералот Ратко Младиќ, поранешениот командант на Војската на Република Српска поради нехуманиот однос кон него

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, вечерва соопшти дека животот на генерал Ратко Младиќ е во опасност поради нехуманиот однос кон него и апелираше на поранешниот командант на Војската на Република Српска да му се обезбеди соодветено лекување.
„Загрозен му е животот на генералот Ратко Младиќ, поранешениот командант на Војската на Република Српска поради нехуманиот однос кон него. Апелирам за почитување на меѓународното право, но пред се апелирам на хуманост и етичност да му се овозможат на Младиќ соодветено лекување“ – напиша Додик на платформата Х.
CATEGORIES Свет


