ГОЛЕМ КОРУПЦИСКИ СКАНДАЛ ВО ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР НА УКРАИНА Двајца министри поднесоа оставки на барање на Зеленски
Украинското биро за борба против корупцијата (НАБУ) истражува мрежа за поткуп во вредност од 100 милиони долари во државната нуклеарна централа.

Поради голем корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина, Херман Халушченко и Свитлана Гринчук, поднесоа оставки на барање на претседателот Володимир Зеленски. „Оставките се поднесени согласно законот“, изјави премиерката Јулија Свириденко.
Украинското биро за борба против корупцијата (НАБУ) истражува мрежа за поткуп во вредност од 100 милиони долари во државната нуклеарна централа. Претресени биле домовите на Халушченко и Тимур Миндич, поранешен деловен партнер на Зеленски, кој ја напуштил земјата пред скандалот.
Зеленски изјави дека е „неприфатливо да постојат коруптивни шеми во време кога Украина се соочува со руски напади и прекини на струја“. НАБУ соопшти дека истрагата открила високо рангирана криминална организација поврзана со енергетскиот и одбранбениот сектор.


