ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ – Владата ќе именува повереници во општините со неуспешни избори

Мицкоски вели дека ќе се постапи согласно законот, откако ДИК ќе потврди дека изборите во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово Ростуше се неуспешни

ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ – Владата ќе именува повереници во општините со неуспешни избори
Фото: Национално

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека Владата ќе именува повереници во општините каде што ќе се повтори изборниот циклус, веднаш штом ќе го добие официјалното известување од Државната изборна комисија (ДИК).

„Секако дека тоа ќе го направиме согласно законот, но за да постапиме така, најпрво треба да добиеме известување од ДИК дека изборите се завршени и дека во тие четири општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово Ростуше изборите се неуспешни“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Според Изборниот законик, доколку и по вториот круг не се изврши избор на градоначалник, Изборната комисија во рок од 15 дена по завршувањето на изборите ја известува Владата. По приемот на известувањето, Владата во ист рок од 15 дена именува повереник кој ќе ги извршува надлежностите на градоначалникот до распишувањето нови избори.

Владата потоа го известува претседателот на Собранието за да може да се распишат нови избори за градоначалник во засегнатите општини.

CATEGORIES
Share This