СИНОТ НА ГАДАФИ ОСЛОБОДЕН ОД ПРИТВОР ВО ЛИБАН Платени 900 илјади долари кауција

Гадафи (50) беше уапсен во 2015 година по нелегално влегување од Сирија, и беше обвинет за криење информации за исчезнувањето на шиитскиот лидер Муса ал-Садр во 1978 година.

СИНОТ НА ГАДАФИ ОСЛОБОДЕН ОД ПРИТВОР ВО ЛИБАН Платени 900 илјади долари кауција

Ханибал Гадафи, синот на поранешниот либиски лидер Моамер ал-Гадафи, е ослободен од притвор во Либан со кауција од 900.000 долари, потврди неговиот адвокат Насиб Чедид. Судот исто така ја укина забраната за патување.

Првично, кауцијата изнесувала 11 милиони долари, но минатата недела била намалена.

Гадафи (50) беше уапсен во 2015 година по нелегално влегување од Сирија, и беше обвинет за криење информации за исчезнувањето на шиитскиот лидер Муса ал-Садр во 1978 година.

Случајот со ал-Садр и натаму останува контроверзна тема што ги затегнува односите меѓу Либан и Либија, потсетува ДПА.

CATEGORIES
Share This