QUANTINUUM ГО ПРЕТСТАВИ HELIOS Најмоќниот квантен компјутер во светот
Helios може да извршува симулации кои на класичните суперкомпјутери би им одзеле околу 10²⁴ години, а сепак троши енергија колку стандарден data rack.

Компанијата Quantinuum го лансираше својот најнов квантен компјутер Helios, кој веќе е прогласен за најмоќен квантен систем во светот. Уредот располага со 98 кубити – речиси двојно повеќе од претходниот модел – и постигнува точност од 99,9%, што го прави најпрецизниот квантен компјутер досега.
Helios може да извршува симулации кои на класичните суперкомпјутери би им одзеле околу 10²⁴ години, а сепак троши енергија колку стандарден data rack.
Квантните компјутери користат кубити – честички што можат да постојат во повеќе состојби истовремено, овозможувајќи решавање на исклучително сложени задачи.
Helios веќе се користи за истражувања во суперспроводливост, а од Quantinuum велат дека ќе биде клучна платформа за нови научни откритија во материјалознанието, енергетиката и фармацијата.


