„ГОСПОЃА БОВАРИ“ НА СЦЕНАТА НА НОБ Внатрешната борба на жената меѓу копнежот по слобода и општествените норми

Во главната улога на Ема Бовари настапува Марија Кичевска Шокаровска, со Франциско Хименез Руиз како Шарл Бовари и Балаж Лочеи како Рудолф Буланже.

„ГОСПОЃА БОВАРИ“ НА СЦЕНАТА НА НОБ Внатрешната борба на жената меѓу копнежот по слобода и општествените норми

На 18 ноември во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетот „Госпоѓа Бовари“, дело во два чина инспирирано од романот на Гистав Флобер. Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по слобода и општествените норми – тема актуелна и денес.

Диригент е Едуард Амбарцумјан од Ерменија, а кореографијата е на Виктор Ишчук од Украина. Музиката обединува дела од Сен-Санс, Равел, Масне, Менделсон и Хендл, со сценографија и костими на Андреј Злобин и Гана Ипатиева, а светло-дизајн потпишува Милчо Александров.

Во главната улога на Ема Бовари настапува Марија Кичевска Шокаровска, со Франциско Хименез Руиз како Шарл Бовари и Балаж Лочеи како Рудолф Буланже. Настапуваат и солистите, ансамблот и оркестарот на Националната опера и балет.

Постановката со современ израз и силна емоционална длабочина ја доловува сложената психологија на Ема Бовари и нуди незаборавно сценско доживување.

CATEGORIES
Share This