ОД ПОЛНОЌ ПОВИСОКИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА Второ поскапување за две недели
Од Регулаторната комисија објаснуваат дека зголемувањето е резултат на движењата на светските берзи и курсот на доларот, кои и понатаму влијаат врз домашниот енергетски пазар.

Регулаторната комисија за енергетика, водоснабдување и управување со комунален отпад донесе нова одлука со која цените на нафтените деривати повторно се зголемуваат, во просек за 0,29% во однос на минатата недела.
Според новите максимални цени што важат од полноќ (11 ноември 2025):
- ЕУРОСУПЕР БС-95 – 74,50 денари/литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98 – 76,50 денари/литар
- ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) – 72,00 денари/литар
- ЕЛ-1 – 69,50 денари/литар (без промена)
- Мазут М-1 СУ – 36,43 денари/кг (намалување)
Со оваа корекција, бензините поскапуваат за 0,50 денари, а дизелот за 1 денар по литар.
Од Регулаторната комисија објаснуваат дека зголемувањето е резултат на движењата на светските берзи и курсот на доларот, кои и понатаму влијаат врз домашниот енергетски пазар.
CATEGORIES Бизнис


