ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ДЕНЕС Облачно и дождливо денеска со можни грмежи

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ДЕНЕС Облачно и дождливо денеска со можни грмежи

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. На некои места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, а локално се очекува за 24 часа да наврнат над 30 литри на метар квадратен, со можност за појава на грмежи.

И во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе се засилат во попладневните часови. Температурите ќе се движат од 10 до 17 степени.

Според прогнозите, локални врнежи ќе има и во вторник попладне, а потоа до крајот на неделата ќе преовладува стабилно и суво време, со пониски утрински температури.

CATEGORIES
Share This