ПОРАКА ОД ТРАМП – Царините носат профит, по 2.000 долари за сите Американци

Трамп тврди дека растот на приходите и рекордните инвестиции го прават американскиот економски систем посилен од кога било.

ПОРАКА ОД ТРАМП – Царините носат профит, по 2.000 долари за сите Американци
Фото: Принтскрин

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес најави дека речиси сите Американци ќе добијат по 2.000 долари од царинските приходи собрани за време на неговата администрација.

„Дивиденда од најмалку 2.000 долари по лице, без да се сметаат лицата со високи приходи, ќе им се исплати на сите“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.

Тој додаде дека оние кои се против царините се „будали“ и истакна дека САД сега се „најбогатата и најпочитуваната земја во светот, со речиси никаква инфлација и рекордни цени на акциите“. Претседателот нагласи дека пензиските фондови од типот 401k се на највисоко ниво досега.

„САД добиваат трилиони долари и наскоро ќе почнат да го исплаќаат својот огромен долг од 37 трилиони долари“, рече Трамп, истакнувајќи дека во земјата се забележуваат рекордни инвестиции, а фабрики и објекти никнуваат насекаде.

Минатата недела, Врховниот суд на САД ги сослуша аргументите во тужбата против царините на Трамп. Претходно, три пониски судови пресудија дека неговото користење на вонредни овластувања за наметнување тарифи било нелегално.

CATEGORIES
TAGS
Share This