БЕВ НА РАБОТ ДА СЕ САМОУБИЈАМ, НО ИЗДРЖАВ ЗА ДЕЦАТА – Јелена Карлеуша за интимните фотографии

Скандалот со интимни снимки го погоди нејзиниот приватен живот, но таа одлучи да не биде жртва.

БЕВ НА РАБОТ ДА СЕ САМОУБИЈАМ, НО ИЗДРЖАВ ЗА ДЕЦАТА – Јелена Карлеуша за интимните фотографии
Фото: Принтскрин

Пејачката Јелена Карлеуша искрено проговори за најтешкиот период во својот живот – скандалот со објавувањето на нејзините интимни фотографии и видеа, кој, како што вели, ја уништил приватно и професионално.

„Цел живот сум говорела дека ако некогаш видам гола слика од себе на насловните страници, би се самоубила. Но, издржав заради моите деца“, рече Карлеуша во интервјуто за „Викенд премиера“.

Таа објасни дека интимната содржина потекнува од приватен видео повик со лице на кое му верувала, а кое ја изневерило и ја уценувало.

„Не знаев дека некој прави снимка од екранот. Не испратив ништо, ниту дадов дозвола за објавување. Тоа беше злоупотреба на доверба. Подоцна доживеав медиумски линч каков што ретко кој би преживеал – 45 дена, по десет насловни страници дневно, со мои интимни делови. Никој не рече дека сум жена и мајка, дека се крши закон, никој не ме бранеше“, изјави таа.

Карлеуша додаде дека тогаш морала да ги повлече ќерките од училиште, а бракот со фудбалерот Душко Тошиќ не го издржал притисокот.

„Се разведовме неодамна. Тој тоа многу тешко го поднесе и емоционално, и како маж со гордост и суета. Ми е жал за него, особено за неговата мајка и сестра, кои ги почитувам, но животот мора да продолжи“, рече пејачката.

Најтрагичен момент, вели, бил кога во средината на скандалот починала нејзината мајка, Дивна Карлеуша.

„Мајка ми го гледаше моето јавно понижување и не го издржа тоа. Тоа беше најголемото понижување на една жена во Србија, без никој да каже ‘доста’. Си простувам себеси, но не можам за неа“, раскажа Јелена.

И покрај сè, Карлеуша вели дека одлучила да не биде жртва, туку борец:

„Решив да не бидам она што сите го очекуваа – жена што ќе крене рака на себе. Сакав да бидам херој на сопствениот живот.“

CATEGORIES
Share This