ТЕЛ АВИВ СО ЖЕСТОК ОДГОВОР ДО АНКАРА Турска чизма нема да стапне на наша почва

Израел категорично се спротивстави на идејата турски војници да бидат дел од меѓународната мисија што би ја презела контролата во Газа.

ТЕЛ АВИВ СО ЖЕСТОК ОДГОВОР ДО АНКАРА Турска чизма нема да стапне на наша почва
Фото: Принтскрин

Израел повторно ја отфрли можноста турски војници да бидат дел од мултинационалните сили кои би ја презеле контролата врз појасот Газа по завршувањето на тековните воени операции.

Портпаролката на израелската влада, Шош Бедросијан, во изјава за новинарите – пренесена од „Тајмс оф Израел“нагласи:

Турската чизма нема да стапне на наша почва.

Според планот за прекин на војната предложен од американскиот претседател Доналд Трамп, предвидено е меѓународни сили за стабилизација постепено да ја преземат контролата врз безбедноста во Газа.

Сепак, таа сила сè уште не е формирана, а повеќе држави бараат нејзиното формирање да биде под мандат на Советот за безбедност на Обединетите нации.

На претходно поставено прашање за ставот на Израел кон можната турска улога, американскиот амбасадор во Турција, Том Барак, изјави дека Анкара ќе учествува во меѓународните сили.

Во сличен тон, американскиот потпретседател Џ. Д. Венс минатиот месец истакна дека Турција може да има „конструктивна улога“, но подвлече дека Вашингтон нема да му наметнува на Израел присуство на странски трупи на негова територија.

CATEGORIES
TAGS
Share This