ЕКСПЛОЗИЈА НА ПОДРШКА За три дена над 2.600 потписи за продолжување на породилното
Петицијата, иницирана на платформата Peticija.mk, е упатена до Министерството за труд и социјална политика и Фондот за здравствено осигурување, со барање породилното отсуство да трае 18 месеци.

Во рок од само три дена, повеќе од 2.660 граѓани ја поддржаа онлајн петицијата за продолжување на породилното отсуство во Република Северна Македонија од 9 на 18 месеци – се вели во соопштенитео на Институт Демократика.
Петицијата, која ја покрена Марина Нанески на платформата Peticija.mk, е упатена до Министерството за труд и социјална политика и Фондот за здравствено осигурување.
Со неа се бара законска измена со која породилното отсуство би се продолжило на 18 месеци – период што е од суштинско значење за здравиот развој на детето, како и за подобрување на психолошката благосостојба на мајките и воспоставување подобра рамнотежа меѓу семејниот и професионалниот живот.
Peticija.mk е дел од платформата „Граѓански дигитални алатки за демократија“ на Институт Демократика.

