КОЧО ДАВА 1,5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ – Кој ќе му ги тргне санкциите на САД

Санкциите против Анѓушев беа воведени поради обвиненија за корупција, но тој најави жалба

КОЧО ДАВА 1,5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ – Кој ќе му ги тргне санкциите на САД
Фото: Принтскрин

Поранешниот вицепремиер за економски прашања и актуелен бизнисмен, Кочо Анѓушев, во обид да ги ублажи последиците од санкциите воведени против него од САД, потроши 1,5 милиони долари на лобирање пишуваат медиумите во Македонија.

Јавно достапните регистри покажуваат дека во последните две години Анѓушев склучил договори со три различни лобистички компании, од кои само еден договор е раскинат.

Санкциите против Анѓушев беа воведени во декември 2023 година поради обвиненија за корупција. Тој веднаш најави жалба и намери да ги искористи сите правни механизми за нивно поништување. Американскиот Стејт департмент ги оправда санкциите, наведувајќи дека тие се дел од заложбите на САД во борбата против корупцијата која ја загрозува јавната безбедност и економскиот развој.

Од компанијата „Фероинвест“, во сопственост на Анѓушев, потврдија дека лобистичките активности се спроведуваат во согласност со американските закони и процедурите на Стејт департментот. Во март 2024 година, Анѓушев формално го регистрираше договорот за лобирање преку „Рисрч сервис биро“, а меѓу лобистите што работат за него се Кевин Кери, Пол Хач, Семјуел Морис и Оливер Шерловски.

Овие активности покажуваат дека лобирањето во САД останува важен инструмент за поранешни и сегашни политички фигури кои се соочуваат со санкции, и покрај строгите правила за јавна транспарентност на ваквите договори.

CATEGORIES
TAGS
Share This