МАРШ НА АНГЕЛИТЕ Родителите најавуваат радикални чекори ако институциите продолжат да молчат

Нашите деца не можеме да ги вратиме, но можеме да се избориме за правда - порачаа родителите.

МАРШ НА АНГЕЛИТЕ Родителите најавуваат радикални чекори ако институциите продолжат да молчат
Фото: Национал

Во Кочани денеска повторно се одржа „Марш за ангелите“ – протестен собир на родителите на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“. Со силна порака до правосудните органи, тие побараа вистинска правда и одговорност за трагедијата.

„Не дозволувајте болката и гневот да растат. Ако институциите продолжат да молчат, луѓето ќе ја изгубат вербата во системот. Исполнете ја вашата должност – не за нас, туку за нашите деца и за иднината“, порачаа родителите.

Пред Основниот суд во Кочани, мајка на едно од починатите деца јавно го обвини Јавното обвинителство дека три недели не реагирало на доставени докази за контакт меѓу осомничено лице и оштетен родител, што, како што посочија, може да влијае врз сведоците и правичноста на постапката. Родителите побараа конкретен одговор во рок од една недела, најавувајќи порадикални јавни акции доколку институциите останат неми.

Првото судско рочиште за случајот „Пулс“ е закажано за 19 ноември во судницата на КПУ „Идризово“. Обвинети се 34 физички и три правни лица за тешки дела против општата сигурност. Случајот му е доделен на судијката Дијана Груевска-Илиевска.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ се случи на 16 март годинава и однесе 63 животи, додека над 200 лица беа повредени.

CATEGORIES
TAGS
Share This