ПЕРУ ЈА ПРОГЛАСИ МЕКСИКАНСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА ЗА „ПЕРСОНА НОН ГРАТА“ Дипломатските односи прекинаа откако Мексико и даде азил на поранешната перуанска премиерка Бетси Чавез
Односите меѓу двете земји се затегнати од 2022 година, кога Мексико им даде азил и на семејството на Кастиљо по неговото апсење.

Конгресот на Перу ја прогласи мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум за „персона нон грата“, откако Мексико ѝ одобри азил на поранешната перуанска премиерка Бетси Чавез.
Чавез, која беше премиер во владата на соборениот претседател Педро Кастиљо, побара засолниште во мексиканската амбасада во Лима. По доделувањето на азилот, Перу ги прекина дипломатските односи со Мексико, оценувајќи го потегот како „непријателски чин“.
Мексико возврати дека азилот е даден во согласност со меѓународното право, повикувајќи се на „Конвенцијата од Каракас“ од 1954 година.
Односите меѓу двете земји се затегнати од 2022 година, кога Мексико им даде азил и на семејството на Кастиљо по неговото апсење. Чавез моментно се соочува со обвинение за заговор и ризикува до 25 години затвор.

