ТЕСЛА ОДОБРИ ПАКЕТ ОД ЕДЕН ТРИЛИОН ЗА ЕЛОН МАСК Најголемиот дел од акционерите до поддржале планот за компензација
И покрај противењето на дел од инвеститорите, повеќе од 75% од акционерите го поддржаа планот, покажувајќи доверба дека Маск може да ја предводи „Тесла“ во нова ера на роботика и вештачка интелигенција.

Акционерите на „Тесла“ одобрија план за компензација вреден еден трилион долари за извршниот директор Елон Маск – најголемата корпоративна исплата во историјата, доколку ги исполни зададените цели.
И покрај противењето на дел од инвеститорите, повеќе од 75% од акционерите го поддржаа планот, покажувајќи доверба дека Маск може да ја предводи „Тесла“ во нова ера на роботика и вештачка интелигенција.
Пакетот предвидува 12 фази на награди и бара од Маск да ја зголеми пазарната вредност на компанијата на 8,5 трилиони долари, да испорача 20 милиони електрични возила, да продаде милион хуманоидни роботи и да воведе милион роботски такси.
Доколку ги постигне овие цели, Маск ќе заработи дополнителни 12% од акциите и потенцијално ќе стане првиот трилионер во светот.
Во моментов, неговото богатство се проценува на околу 460 милијарди долари.

