ОРЦЕ ЈА ПРЕЗЕДЕ ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФУНКЦИЈА Најави решавање на комуналниот хаос и брз ребаланс на буџетот
По преземањето на функцијата, Ѓорѓиевски најави дека ќе го „врати достоинството на градот“ и веднаш ќе ја почне акцијата за чистење на Скопје во рок од 72 часа, со старт во 20:30 часот пред салата „Борис Трајковски“.

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, на 6 ноември ја презеде функцијата од Данела Арсовска, откако во вториот круг на локалните избори го победи кандидатот од Левица, Амар Мециновиќ.
По преземањето на функцијата, Ѓорѓиевски најави дека ќе го „врати достоинството на градот“ и веднаш ќе ја почне акцијата за чистење на Скопје во рок од 72 часа, со старт во 20:30 часот пред салата „Борис Трајковски“.
Тој вети решавање на комуналниот хаос и најави брз ребаланс на буџетот за нови и заглавени проекти, меѓу кои клучката кај Момин поток и пуштање во функција на двата нови моста на Вардар.
Средбата со Арсовска ја нарече протоколарна, додека таа преку социјалните мрежи му посака среќа и најави продолжување на својата борба против, како што рече, „организираниот криминал во градот“.
Арсовска, која беше избрана со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, се раздели со партијата уште во првата година од мандатот по меѓусебни обвинувања.

