ПОСЛЕ ИЗБОРИТЕ, ФОКУС НА СУДСТВОТО – Мицкоски задоволен од Извештајот

Мицкоски тврди дека уставните измени можат да донесат нови проблеми и вето од ЕУ.

ПОСЛЕ ИЗБОРИТЕ, ФОКУС НА СУДСТВОТО – Мицкоски задоволен од Извештајот
Фото: Национал

Премиерот Христијан Мицкоски ја коментираше последната оцена на Европската комисија за напредокот на Македонија, истакнувајќи дека не се согласува со некои изјави на еврокомесари дека Албанија е пред нашата земја во процесот на евроинтеграција.

„Најдобро ќе биде да се направат уставните измени, па потоа да се соочиме со можно вето и нови проблеми, и на крај да добиеме петка“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека, по завршувањето на изборите, владата ќе се фокусира на реформи во судството.

„Исклучително сум задоволен од Извештајот, бидејќи нема уназадување. Има стагнација во неколку области, што значи дека се потребни промени во Судскиот совет и во обвинителството. По изборите ќе се посветиме сериозно на оваа тема. Генерално, можам да го оценам Извештајот како добар, но не се согласувам со оценката дека некои земји се пред нас. Според мене, Црна Гора е прва, Македонија и Србија се на второ место, а Албанија и Босна и Херцеговина следат потоа“, додаде Мицкоски.

CATEGORIES
TAGS
Share This