МИЦКОСКИ ПОДГОТВУВА ПРОМЕНИ ВО ВЛАДАТА Удар и по сопствените министри

Извори од коалицијата откриваат дека незадоволството е насочено кон министрите на ЗНАМ

МИЦКОСКИ ПОДГОТВУВА ПРОМЕНИ ВО ВЛАДАТА Удар и по сопствените министри
Фото: Национал

Повторо се актуелизра прашањето за владина реконструкција кое премиерот Христијан Мицкоски го најави уште на 23 август дека веднаш по локалните избори ќе следи владина реконструкција, но,  засега нема точен датум кога тоа ќе се случи.

По изборот на досегашниот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити за градоначалник на Чаир, неговото место како прв вицепремиер ќе го преземе Беким Сали, додека коалицијата „Вреди“ ќе предложи нов министер за животна средина – потврди портпаролот Дритон Сулејмани.

Со тоа, „Вреди“ од досегашни шест ќе добие седум министерски позиции, а не е исклучено бројката да се зголеми уште повеќе по реконструкцијата на Владата.

Во меѓувреме, расте незадоволството во ВМРО-ДПМНЕ кон кадрите на ЗНАМ, особено кон министерот за правда Игор Филков и министерот за информатичко општество и администрација Горан Минчев. Според неофицијални информации, премиерот Мицкоски не е задоволен ниту од некои свои министри меѓу кои се споменува и министерката за образование Весна Јаневска.

Извори од владејачката коалиција велат дека незадоволството не е насочено кон економско-финансискиот тим, и покрај забелешките на Европската комисија дека реформите во тој сектор се забавени.

Од ВМРО-ДПМНЕ засега не откриваат кои министри од редовите на „Вреди“ би можеле да бидат сменети, најавувајќи дека ќе чекаат коалицискиот партнер сам да направи внатрешни промени.

„Веднаш по изборите ќе ги отвориме вратите на партијата за нови лица и ќе направиме реконструкција на Владата за подобрување на капацитетите,“ изјави Мицкоски на 23 август, по распишувањето на локалните избори.

CATEGORIES
TAGS
Share This