ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА – Облаци, слаб ветер и дожд во вечерните часови
Во текот на денот стабилно, а вечерта облаците ќе донесат локални врнежи од дожд.

Фото: Национал
Времето денеска (о6.11.) ќе биде променливо облачно со температури во ин тервал од 5 до 15 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер.
CATEGORIES Македонија

