ВЕЧЕРВА ПОЧНУВА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ФЕСТИВАЛ ЗА АНТИЧКА ДРАМА „СТОБИ 2025“ Свеченото отворање ќе биде со претставата „Агамемнон-кругот на крвта“

Фестивалот ќе трае до 5 ноември, со учество на театри од САД, Италија, Куманово, Скопје и Штип, а ќе заврши со претставата „Лекција“ на штипскиот театар.

ВЕЧЕРВА ПОЧНУВА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ФЕСТИВАЛ ЗА АНТИЧКА ДРАМА „СТОБИ 2025“ Свеченото отворање ќе биде со претставата „Агамемнон-кругот на крвта“

Вечерва во 20 часот, на големата сцена на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, со претставата „Агамемнон-кругот на крвта“ на „NEW YORK La MAMA EXPERIMENTAL THEATRE CLUB“ свечено ќе се отвори 22. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби 2025“.

Претставата, во концепт и режија на Рефика Чавише, по премиерата во Њујорк и настапот во Атина, ја продолжува европската турнеја во Велес.

Фестивалот ќе трае до 5 ноември, со учество на театри од САД, Италија, Куманово, Скопје и Штип, а ќе заврши со претставата „Лекција“ на штипскиот театар. Ќе бидат доделени награди за најдобра женска и машка улога, претстава и режија.

CATEGORIES
Share This