РАДЕВ СО ПОРАКА ОД БУДИМПЕШТА – Унгарија да посредува и да ја убеди Македонија за уставни промени

Тој додаде дека ја повикал унгарската страна, со оглед на пријателските односи со Македонија, да помогне во убедувањето на „нашите браќа“ дека уставните измени и европскиот консензус се неотповиклив услов за членство во Европската унија.

РАДЕВ СО ПОРАКА ОД БУДИМПЕШТА – Унгарија да посредува и да ја убеди Македонија за уставни промени
Фото: Принтскрин

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека од Унгарија побарал да влијае врз Македонија за исполнување на условите за напредок кон Европската унија.

„Разговаравме за состојбите во Западен Балкан и процесот на проширување на ЕУ. Бугарија останува движечка сила во тие процеси и ги поддржува своите соседи на нивниот европски пат, но проценката мора да се темели на нивните сопствени заслуги“, изјави Радев по средбата со унгарскиот претседател Тамаш Шулјок, пренесе БГНЕС.

Тој додаде дека ја повикал унгарската страна, со оглед на пријателските односи со Македонија, да помогне во убедувањето на „нашите браќа“ дека уставните измени и европскиот консензус се неотповиклив услов за членство во Европската унија.

Инаку, бугарскиот шеф на државата ѝ се заблагодари на Унгарија за нејзината поддршка за приклучување кон Шенген и за зачувување на споменот на бугарските војници од Втората светска војна.

„Бугарската заедница во Унгарија има важно место. Му благодарам на претседателот Шујок што ги вклучи претставниците на овие организации во неговата делегација“, рече Румен Радев.

Ставот за мир преку дипломатија во Украина е рационален, рече Радев за уште една од темите што се дискутираа, во контекст на претстојната средба меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, во Будимпешта.

CATEGORIES
TAGS
Share This