ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ТОНЕ Инвеститорите во исчекување на новите преговори САД–Кина
Падот се поврзува и со завршувањето на индискиот фестивал Дивали, по кој традиционално опаѓа побарувачката.

Цената на златото падна за повеќе од 5% во еден ден – најмногу во последните десет години. Денеска следуваше мало опоравување од 0,4%, со цена од 4.141 долар за унца.
Според CNN, причината е повлекувањето на профитите и оптимизмот пред новите трговски преговори меѓу САД и Кина. Падот се поврзува и со завршувањето на индискиот фестивал Дивали, по кој традиционално опаѓа побарувачката.
Сличен тренд бележат и другите метали – среброто падна за 7%, а платината за 5%. Инвеститорите внимателно ги следат сигналите од Вашингтон, Пекинг и централните банки.
CATEGORIES Бизнис

