УЈП СО ПОВИК ДО ДАНОЧНИТЕ ОБВРЗНИЦИ Поднесете ДДВ-04 пријава и платете го данокот навреме и одговорно
Поради скратената работна недела, рокот за поднесување и плаќање на ДДВ-04 пријавите, кој истекува на 25 октомври (сабота), се поместува за наредниот работен ден – понеделник, 27 октомври 2025 година.

Управата за јавни приходи (УЈП) упатува повик до сите даночни обврзници да ги поднесат ДДВ-04 пријавите и да го платат даночниот долг за изминатиот даночен период навреме и одговорно.
Поради скратената работна недела, рокот за поднесување и плаќање на ДДВ-04 пријавите, кој истекува на 25 октомври (сабота), се поместува за наредниот работен ден – понеделник, 27 октомври 2025 година. Во овој период се поднесуваат месечни и тримесечни пријави, а УЈП апелира обврските да се исполнат навремено за да се избегне преоптоварување на системот.
Од УЈП нагласуваат дека поднесувањето на пријавата без плаќање на долгот не ги исполнува законските обврски и предупредуваат дека навремено поднесување и плаќање ја избегнуваат можноста за камати, санкции и технички пречки.


