ЦЕНТАР ГО РУШИ РЕКОРДОТ Стан од 91 м² продаден за 280.000 евра

Станот од 91 м² во скопски Центар е продаден за 280.000 евра, покажуваат податоците на Агенцијата за катастар на недвижности.

ЦЕНТАР ГО РУШИ РЕКОРДОТ Стан од 91 м² продаден за 280.000 евра

Највисоката постигната цена на стан во периодот јули–септември 2025 година достигна 189.231 денар по метар квадратен, односно околу 3.000 евра. Станот од 91 м² во скопски Центар е продаден за 280.000 евра, покажуваат податоците на Агенцијата за катастар на недвижности.

Најскапи станови се регистрирани во Центар, Карпош и Аеродром, со просечна цена меѓу 1.200 и 1.550 евра за метар квадратен.

Во третиот квартал од 2025 година се регистрирани 6.135 купопродажби на недвижности, од кои 4.869 се класични продажби, а 937 први продажби од инвеститори. Продадени се вкупно 845 новоизградени станови, најмногу во општина Аеродром (275).

Вкупната вредност на тргувањето со недвижности во земјата изнесува над 308 милиони евра, при што најголем дел од сумата се однесува на продажбата на станови.

CATEGORIES
Share This