ВЕТИВМЕ ПОБЕДА ИМАМЕ ПОБЕДА – Мицкоски по првиот круг на локалните избори

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ победила и во традиционални упоришта на СДСМ, меѓу кои Струмица, Делчево, Берово, Битола, Прилеп, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Свети Николе, Охрид, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Велес и Радовиш.

ВЕТИВМЕ ПОБЕДА ИМАМЕ ПОБЕДА – Мицкоски по првиот круг на локалните избори
Фото: Принтскрин

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по првиот круг од локалните избори изјави дека неговата партија победила во повеќе од 30 општини, а најави и убедлива победа на Орце Ѓорѓиевски во Скопје.

Мицкоски испрати порака и до ДУИ и до лидерот Али Ахмети, нагласувајќи дека „политиките на етноцентризам, национализам и вештачки теми за орли и зајци се поразени.

„Ветивме победа, и ја донесовме. Македонија избра луѓе кои веруваат во работа, а не во празни зборови. Оваа победа не е крај, туку почеток на новата македонска енергија. Нашата задача почнува утре – секој глас да го претвориме во дело“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ победила и во традиционални упоришта на СДСМ, меѓу кои Струмица, Делчево, Берово, Битола, Прилеп, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Свети Николе, Охрид, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Велес и Радовиш.

„Не славиме, туку преземаме обврска да работиме. Вистинската победа ќе биде кога секој човек ќе може да каже: ‘Да, вредеше’“, порача тој, истакнувајќи дека обвинувањата за нерегуларности се „плитко алиби за слаб резултат на опозицијата“.

CATEGORIES
TAGS
Share This