МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ – Изборите минаа фер, уапсени 11 лица

Тошковски потврди дека е приведено и едно лице вработено во Државната изборна комисија, но во моментот на приведувањето тоа не извршувало службени задачи.

МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ – Изборите минаа фер, уапсени 11 лица
Фото: Принтскрин

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека локалните избори се одвиле во главно фер и демократска атмосфера, без посериозни нарушувања на јавниот ред и мир.

Според него, лишени од слобода се 11 лица поради поткуп, фотографирање или уништување на гласачко ливче. Четворица се ослободени, а седум остануваат во притвор за понатамошна постапка. Пријавени биле и седум случаи со наводна инволвираност на полициски службеници, но во шест од нив не се утврдиле неправилности.

Регистрирани се и 19 објави на социјалните мрежи поврзани со изборниот процес, кои ќе бидат дополнително проверени.

Тошковски потврди дека е приведено и едно лице вработено во Државната изборна комисија, но во моментот на приведувањето тоа не извршувало службени задачи.

„Лицето е лишено од слобода затоа што одбило да се идентификува“, додаде тој.

CATEGORIES
Share This