ИЗБОРЕН ОТЧЕТ ДО 17 ЧАСОТ Гласале 39,61% од избирачите

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека податоците се пристигнати од 221 избирачко место, каде право на глас имаат вкупно 1.699.296 граѓани.

ИЗБОРЕН ОТЧЕТ ДО 17 ЧАСОТ Гласале 39,61% од избирачите
Фото: Национал

До 17:20 часот на денешниот прв круг од локалните избори, право на глас искористиле 39,61% од запишаните избирачи.

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека податоците се пристигнати од 221 избирачко место, каде право на глас имаат вкупно 1.699.296 граѓани.

Најголема излезност е забележана во следните општини: Вевчани – 61,84%, Дебарца – 53,41%, Демир Капија – 57,65%, Дојран – 60,91%, Зелениково – 52,77%, Карбинци – 50,25%, Конче – 55,13%, Крива Паланка – 56,01%.

Најмала излезност има во општините Шуто Оризари 30,38%, Радовиш 31,57%, Маврово-Ростуше 25,89%, Пласница 32,87% и во Врапчиште 20,94%.

Во скопските општини засега излезноста се движи: во Општина Аеродром е 39,32%, Бутел 42,29%, Гази Баба 35,55%, Карпош 42,86%, Кисела Вода 39,37%, Центар 42,35%, Чаир 45,09%, Ѓорче Петров 37,73%, Сарај 47,94% и во Шуто Оризари 30,38%.

CATEGORIES
Share This