РС РЕАГИРА НА ОДЛУКИТЕ НА СУДОТ И ЦИК – Ана Тришиќ Бабиќ станува в.д. претседател на Републиката

Одлуката беше поддржана од 48 пратеници, додека четворица беа против, објави РТРС

РС РЕАГИРА НА ОДЛУКИТЕ НА СУДОТ И ЦИК – Ана Тришиќ Бабиќ станува в.д. претседател на Републиката
Фото: Принтскрин

На 27-мата вонредна седница (18.10), Народното собрание на Република Српска ја усвои Одлуката со која Ана Тришиќ Бабиќ е назначена за вршител на должноста претседател на Република Српска.

Одлуката беше поддржана од 48 пратеници, додека четворица беа против, објави РТРС.

Во образложението на одлуката се наведува дека, поради наводни неуставни и незаконски постапки на Судот на Босна и Херцеговина и Централната изборна комисија, кои го оневозможуваат демократски избраниот претседател Милорад Додик да ги извршува своите должности, Народното собрание постапува со цел да го заштити Уставот на Република Српска.

Исто така Народното собрание на Република Српска по итна постапка го усвои Законот за престанок на важење на неколку закони.

Со овој закон престануваат да важат Законот за недвижнини што се користат за функционирање на јавните власти, потоа Законот за непримена на одлуките на Уставниот суд на БиХ, Изборниот закон на Република Српска, како и Законот за непримена на законот и забрана за дејствување на вонуставните институции на БиХ, објави РТРС.

Во исто време, беше изгласан и укинување на Законот за измени и дополнувања на Кривичниот законик на Република Српска и Законот за Високиот судски и обвинителски совет на Република Српска.

CATEGORIES
Share This