СТУДИЈА СО 23.000 УЧЕСНИЦИ Тест во крвта може да ја промени дијагностиката на рак
Сепак, научници предупредуваат дека е потребно дополнително истражување, бидејќи тестот може да даде и лажно позитивни резултати.

Тест кој открива ДНК-траги од клетки на рак во крвта би можел значително порано да ја дијагностицира болеста, објави „Скај њуз“.
Пионерскиот тест на крвта „Галерија“, кој може да открие повеќе од 50 видови рак, ја идентификувал болеста во речиси две третини од случаите кај испитаници кај кои бил присутен маркерот за рак, покажала новата студија
Студијата „Патфајндер 2“ со над 23.000 учесници покажа дека кај 61,6% од лицата со детектиран маркер подоцна навистина бил потврден рак.
Тестот „Галерија“ е точен 99,6% при исклучување на рак, а во 92% од случаите точно го утврдува засегнатиот орган.
Според „Граил“, тој открива седум пати повеќе видови рак од сите постојни програми заедно. Сепак, научници предупредуваат дека е потребно дополнително истражување, бидејќи тестот може да даде и лажно позитивни резултати.


