АВТОРОТ НА МАКЕДОНСКАТА ХИМНА „ПОТРЕСЕН“ – Делумно уништена спомен-куќата на Владо Малески која е културното наследство
Друштвото на писателите на Македонија потврдува дека градежните работи на соседниот објект, иако со дозвола, предизвикале штета на спомен-куќата, која е дел од заштитеното културно наследство.

Спомен-куќата на писателот и автор на македонската химна, Владо Малески, делумно е оштетена при градежни ископувања на соседен објект. Стручни лица од Заводот и музеј – Охрид констатирале уривање на јужниот калкански ѕид и дел од покривот.
Министерството за култура најави итни мерки за заштита и реконструкција на објектот, а инвеститорот ќе треба да ја обезбеди локацијата за да се спречи понатамошно оштетување.
Министерот Зоран Љутков изјави:
„Веднаш стапив во координација со надлежните институции за преземање на сите неопходни мерки. Наодите и предлозите се веќе доставени до Управата за заштита на културното наследство, а инспекциската служба ќе постапи согласно своите надлежности. Нашата цел е јасна – целосна заштита и зачувување на културното наследство кое претставува непроценливо богатство за сите нас. Министерството остро реагира на секој чин на неодговорност што доведува до оштетување на заштитени објекти и ги повикувам инвеститорите и граѓаните да се придржуваат до законските процедури и условите за заштита.“
Друштвото на писателите на Македонија потврдува дека градежните работи на соседниот објект, иако со дозвола, предизвикале штета на спомен-куќата, која е дел од заштитеното културно наследство.


