ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Влажен бран од Медитеранот носи дожд и пад на температурите

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Влажен бран од Медитеранот носи дожд и пад на температурите

Под влијание на поголем влажен воздушен бран од Медитеранот, денеска низ целата земја се очекува нестабилно време со повремени врнежи од дожд, кои првично ќе бидат локални, но во текот на ноќта кон петок (17 октомври) ќе се прошират и интензивираат. Според метеоролозите, врнежите повремено ќе бидат пообилни, особено во западните и централните делови на државата.

Со навлегувањето на постуден воздушен бран од североисток, ќе настапи значителен пад на температурите, па така на највисоките планински врвови над 2000 метри ќе има услови за повремен снег.

Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината. Максималните дневни вредности ќе се движат од 8 до 16 Целзиусови степени, додека во Скопје и околината се очекува максимална температура до 13 степени.

Синоптичарите најавуваат дека свежото и облачно време ќе продолжи и во наредните денови, со можни краткотрајни стабилизирања во текот на викендот.

CATEGORIES
Share This