ЛИЦЕ В ЛИЦЕ СО ПРИЛЕПЧАНИ Бачев и членови на раководството на Единствена Македонија во Прилеп

На средбите беше претставен и носителот на листата во Прилеп, Милан Јовчески, генерален секретар на Единствена Македонија, кој пред сограѓаните ја претстави својата визија за развој на градот.

ЛИЦЕ В ЛИЦЕ СО ПРИЛЕПЧАНИ Бачев и членови на раководството на Единствена Македонија во Прилеп
Фото: Национал

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, заедно со членовите на Извршниот комитет, Вилијам Михајловски и Атанас Стојанов, денеска го посетија Прилеп – градот херој, каде остварија низа средби со прилепчани.

На средбите беше претставен и носителот на листата во Прилеп, Милан Јовчески, генерален секретар на Единствена Македонија, кој пред сограѓаните ја претстави својата визија за развој на градот.

„Прилеп е мојот роден град. Тука сум роден, тука сум пораснал, тука живеам и тука сакам да ја гледам иднината. Тоа е причината со крената глава да побарам довербата од вас“, истакна Јовчески.

Тој потенцира дека функцијата градоначалник не значи само работа во канцеларија, туку секојдневно слушање на луѓето, разбирање на нивните проблеми и пронаоѓање чесни и конкретни решенија. На овие избори, Единствена Македонија направи нешто поразлично – членовите на раководството се симнаа на терен и се вклучија на кандидатските листи, близу до народот.

„Не зборуваме – делуваме! Не ветуваме од канцеларија. Членовите на раководството се на првата линија, лице в лице со народот. Ветивме чесност, ветивме борба и стоиме зад својот збор“, нагласи Јовчески.

Прилеп заслужува да биде сакан од своите граѓани и почитуван од сите други додава Јовчески.

„Затоа, гласајте за доброто на Прилеп, гласајте за доброто на Македонија. Подржете ги листите на Единствена Македонија – ние ќе се бориме, од вас и вашата волја зависи дали ќе успееме“ – нагласи Јовчески!

Силата е во луѓето – напред, без страв!

CATEGORIES
TAGS
Share This