МИЦКОСКИ РАЗОЧАРАН ОД ПРЕСУДАТА НА ТЕТОВСКИОТ СУД Јавно да се преиспита работата на судијата

Ова не е правда, и тука имам потфрлање на системот.

МИЦКОСКИ РАЗОЧАРАН ОД ПРЕСУДАТА НА ТЕТОВСКИОТ СУД Јавно да се преиспита работата на судијата

Мицкоски кажа дека е силно разочаран од одлуката на тетовскиот суд, и дека бара од Судскиот совет да преземе акција за работата на судијата.

Јавноста е згрозена од вчерашната пресуда на судот во Тетово. Сторителот кој одзеде млад живот, по жалба Апелациониот суд му ја намали казната на 2 години, за Врховниот суд ги укине двете пресуди, и предметот го врати на повторно судење. Судот во Тетово вчера му досуди две години на лице кое смртно одзеде недолжен живот, на 22 години.

„Јавно прашувам, има ли некој во државата кој смета дека имаме задоволена правда? Како човек и родител сум силно разочаран од оваа одлука. Ова не е правда, и тука имам потфрлање на системот. Знам дека некој ќе ми се налути сега поради оваа изјава, но јавно барам од Судскиот совет да го преразгледа работењето на овој судија кој ја донесе одлуката“, рече Мицкоски.

CATEGORIES
TAGS
Share This