МИЦКОСКИ СО ПОРАКА ДО ДУИ ДА ЏОГИРА НА ВОДНО Вратете се на зелената агенда да ви се разбистри умот

Ние ги делиме граѓаните на оние кои се лојални и чесни и коишто додаваат вредност, коишто ги почитуваат законите и Уставот и оние кои што не ги почитуваат и коишто треба да одговараат пред истите тие закони и Устав.

МИЦКОСКИ СО ПОРАКА ДО ДУИ ДА ЏОГИРА НА ВОДНО Вратете се на зелената агенда да ви се разбистри умот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги оцени како безпредметни обвинувањата кои доаѓаат од опозициската ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети дека Владата работи моноетнички, што има за цел да го преобликува политичкиот модел на државата од мултиетничка во моноетничка демократија.

„Јас би ги повикал да се вратат на онаа зелена агенда којашто ја промовираа пред неколку години кога џогираа на падините на скопско Водно, можеби при таков џогинг ќе им се разбистри умот и ќе дадат некоја квалитетна идеја“ – порача Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања за време на денешната посета на Тетово, премиерот рече дека колку повеќе функционери на ДУИ се фатени во криминал додека ги вршеле своите функции во минатото, толку повеќе ќе се заострува ваквата нивна реторика.

„Ние ги делиме граѓаните на оние кои се лојални и чесни и коишто додаваат вредност, коишто ги почитуваат законите и Уставот и оние кои што не ги почитуваат и коишто треба да одговараат пред истите тие закони и Устав. Нема тука етнички или политички поделби“, изјави премиерот прашан за обвинувањата од ДУИ дека Владата работи моноетнички.

CATEGORIES
Share This