ОСМАНИ НАЈАВУВА Македонија оди на предвремени избори напролет

Според него, изборите ќе бидат можност да се избере нова влада со силен европски и економски приоритет.

ОСМАНИ НАЈАВУВА Македонија оди на предвремени избори напролет
Фото: Принтскрин

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, изјави дека според неговите сознанија предвремените парламентарни избори ќе се одржат во март или април следната година.

„Од самиот почеток тврдевме дека ќе има избори во овој период. Ова го кажувам аргументирано, врз основа на разговорите и договорите што се водат на политичката сцена“, рече Османи.

Тој оцени дека најавата на премиерот Христијан Мицкоски само ја потврдува тезата на ДУИ и на опозицијата дека владата е нестабилна и неодржлива.

„На премиерот му беа потребни дополнителни аргументи, а сега ги гледа на терен преку односот на политичките сили. Ситуацијата е јасно неодржлива, па затоа и самиот почна да го подготвува теренот“, додаде Османи.

Според него, изборите ќе бидат можност да се избере нова влада со силен европски и економски приоритет.

CATEGORIES
Share This